Се стеснува конкуренцијата, се окрупнува телекомуникацсикиот пазар

17.06.2015 16:50

Т-Мобиле се просоедини кон Македонскиот Телеком. Од први јули ќе почнат да функционираат како еден субјект. Менаџментот очекува да ја зајакне позицијата на пазарот. Виртуелниот оператор Албафон се откажа. Деветти јули е крајниот рок- Антимонополска треба да пресече, ќе се спојат ли и ВИП и ОНЕ?!

Се окрупнува телекомуникациксиот пазар во Македонија. Т-Мобиле се просоедини кон Македонскиот Телеком. Од први јули ќе почнат да функционираат како еден субјект. Менаџментот очекува да ја зајакне позицијата на пазарот, поефикасно да се справи со конкуренцијата, да добие поголема моќ за инвестиции.

„Од 1- ви јули Македонски телеком ќе има целосно опремено портфолио на услуги коишто ќе се состојат од фиксни услуги, широкопојасни услуги, мобилни услуги, интернет телевизија“, вели Анреас Маирхофер– Извршен директор на Македонски Телеком.  

Менаџерите велат нема да има отпуштања на вработени, ниту повисоки цени на услугите. Ќе се оптимизира работењето, за подобри финансиски резултати.

„Цените ќе останат тие што се. Услугите може да ветиме дека ќе бидат подобри, а корисниците ќе бидат уште позадоволни“, изјави Жарко Луковски – Главен оперативен директор на Македонски Телеком.

Турбуленциите се уште траат. Виртуелниот оператор Албафон се откажа, со само 16 илјади корисници не успеа да се избори, се повлече од бизнисот. Деветти јули е крајниот рок- Антимонополска треба да пресече, ќе се спојат ли и ВИП и ОНЕ?!

Првиот човек на Комисијата за МТВ вели- се проверува докуметацијата, наскоро ќе се знае. Ако добијат зелено светло, сериозни промени ќе се случат на телекомуникацскиот пазар во земјава. Ќе се стесни конкуренцијата, двата гиганти ќе бидат во трка и во фиксната, мобилната телефонија, интернет услугите. Од АЕК смируваат- ова нема да значи и повисоки цени.

„Граѓаните воопшто да не се вознемируваат ако дојде до тоа спојување, што ќе значи дека имаме ситуација на пазар со два оператори. Ние сигурно ќе поканиме и нови да се приклучат“- вели првиот човек на Агенцијата за електронски комуникации, Роберт Ордановски.

За четири години, просечната цена за минута разговор се намали за 63 насто, мобилната телефонија се рашири за 110 проценти. Сега се чека на 30- ти јуни, да поевтинат и роаминг услугите со Србија, Црна Гора и Босна. 

 

Сузана Фиданска Стоевска