Македонската економија и натаму ќе расте – оценува НБМ

15.01.2014 15:29

Македонската економија и натаму ќе расте  веројатно со интензитет како и во третиот квартал лани . овие оценки  Народна Банка  ги темели пред се врз поволните движења во градежништвото и  врз  сигналите за закрепнување на индустриската активност .

Македонската економија и натаму ќе расте  веројатно со интензитет како и во третиот квартал лани . овие оценки  Народна Банка  ги темели пред се врз поволните движења во градежништвото и  врз  сигналите за закрепнување на индустриската активност .

Инфлаторните движење кои лани  изнесуваа  2,8 насто , и се совпаѓаа со проекциите , оваа година можно е да се пониски поради натамошните помали увозни ценовни притисоци . НБМ, на денешната седница на комитетот за оперативна монетарна политика , констатира дека и покрај кварталното намалување на девизните резерви  нивниот износ ќе биде доволен за справување со евентуалните непредвидливи шокови.                                                                                                                                     

Ликвидноста на банките во декември лани се намали во услови на сезонска повисока побарувачка за готовина во пресрет на празниците .

Кредитната активност во декември  и натаму беше зголемена и насочена кон корпоративниот сектор . Ваквите движења се над очекувањата . Декемвриските податоци покажуваат раст и на депозитите .

Народна Банка констатира дека дека годинава глобалната економска активност умерено ќе забрза и ќе постигне раст од 3,4 насто. САД ќе имаат примарна улога во забрзувањето на економскиот раст кој се очекува и во еврозоната . Високата невработеност , бавната кредитна активност , ниската стапка на инфлација се ризичните фактори за еврозоната во наредниот период .