Унгарија со ограда долж границата со Србија ќе се брани од мигрантите
17.06.2015 17:18
Европската комисија подготвува финансиска помош за Балканот и за Турција, за справување со емигрантите, од 8 милиони евра...

Унгарија ќе гради ограда, висока четири метри, долга 175 метри, по должината на границата со Србија, за да го спречи напливот на мигранти, соопшти Министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Додаде дека бранот бегалци е еден од најголемите проблеми со кои се соочува Европската унија, но Унгарија не може да чека.
Европската комисија подготвува финансиска помош за Балканот и за Турција, за справување со емигрантите, од 8 милиони евра.
Папата Франциско повика да се почитуваат овие луѓе и дека луѓето и институциите кои им ја затвораат вратата треба да бараат милост од бога.
