Градинарство: Обезбедување на домашен сертифициран расад
18.06.2015 10:10
Градинарството кај нас е главна извозна гранка. Предуслови за производство има, но проблем е обезбедувањето домашен сертифициран посадочен материјал...

На Македонија годишно и треба 100 милиони парчиња сертифициран градинарски расад. Земјоделците го произведуваат сами во импровизирани услови или го набавуваат од увоз без гаранција за квалитет.
Државата ќе помогне во инвестирањето кај расаднички материјал.
Понудени се три локации за изградба на оранжерии за производство на вкупно 60 милиони расад.
Годишната субвенција е 5 денари по произведено и продадено растение.
Методија Трајков
