Невремето во росоманско предизвика штети на земјоделските култури

18.06.2015 10:21

Штетите со огромни кај праските, кај лозјата и другите градинарски култури...

Вчера попладне град и пороен дожд во росоманско оставија вистински пустош. Штетите со огромни кај праските, кај лозјата и другите градинарски култури.

Денеска се очекува облачно и свежо време. Краткотраен пороен дожд ќе има во јужниот регион. Врнежите во северната половина од земјата ќе бидат доста послаби.

Во текот на вечерта се очекува врнежите да престанат. Максималната дневна температура ќе достигне 21 степен целзусови во северниот и југозападниот регион и околу 25 во југоисточниот крај.