Денови на македонскиот туризам во Софија
18.06.2015 10:29
Туристичките оператори од земјава ги претставуваат можностите пред претстојната летна сезона...

Денеска во Софија, Бугарија почнуваат Деновите на македонскиот туризам. Туристичките оператори од земјава ги претставуваат можностите пред претстојната летна сезона.
Според Агенцијата за поддршка на туризмот, зголемен е бројот на туристи од Бугарија, во последниве неколку години за повеќе од 15 насто.
Агенцијата почна медиумска кампања во бугарските печатени медиуми, дневните весници Труд, 24 часа и Стандард како и промоција на македонските туристички потенцијали на националното бугарско радио.
