Суташ влезе со 13 милиони евра
Изградба на краварски фарми, фабрика за производство на добиточна храна, зголемување на капацитетите за производство на млеко и нови 70 вработувања се идните планови на турската млекарница Суташ. Веќе се прават планови за откуп на државно земјиште на коешто турската млекарница би развила и дел од своето производство.

-Со големи напори успеавме да најдеме повеќе кандидати кои сакаа да ја преземат компанијата. Конечниот избор и инвеститор беше Суташ, една од најголемите компании во Европа и во регионот. Компанијата досега инвестираше 13 милиони евра, рече Никола Груевски, премиер на РМ.
500 фармери од околните села го продаваат млекото во оваа млекарница. Има капацитет од 180 тони, а менаџментот веќе прави планови за 400. Како најголема млекарница во матичната земја,Турција, Суташ ќе го зголемува производството не само за потребите на Македонија, Косово и Албанија туку и и пошироко. Вработи 80 луѓе, а плановите се таа бројка да биде двојно зголемена.
Турската компанија Суташ лани остварила промет од 650 милиони евра со капацитет на преработка на 750 милиони литри млеко годишно.
Дијана Ценевска