Коѕијас во дводневна посета на Софија
18.06.2015 10:33
Иако не е официјално најавено во Атина, посетата на Софија е најверојатно дел од турнејата на Коѕијас низ Балканот, меѓу кои и на Република Македонија...

Шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас од вчера вечер е во дводневна посета на Софија. Денеска тој ќе има средба со бугарскиот министер за надворешни Даниел Митов, во Бугарскиот парламент, а ќе се сретне и со претседателот на Бугарија, Росен Плевнелиев.
Иако не е официјално најавено во Атина, посетата на Софија е најверојатно дел од турнејата на Коѕијас низ Балканот, меѓу кои и на Република Македонија.
Грчкиот министер за надворешни веќе најави дека во земјава, при крајот на месецов, ќе го претстави грчкиот пакет мерки за градење доверба меѓу Македонија и Грција.
