Меѓународен џудо натпревар во Струга
Со 19 медали, џудистите од Струга станаа севкупен победник на меѓународниот џудо-натпревар на кој учествуваа екипи од 5 држави од Европа. Некои од нив ја признаа надмоќноста на нашите претставници и рекоа дека од нашите џудисти може многу да се научи...

Од вкупно 20 натпреварувачи од Македонија кои учествуваа на меѓународниот турнир во џудо, 19 се закитија со медали од кои 11 златни, 3 сребрени и 5 бронзени. Џудистите од Македонија беа прогласени и за севкупен победник на овој натпревар. За тренерот на џудо клубот од Струга со оглед на групите кои ги има од повеќе земји, квалитетната борба е загарантирана.
На овој џудо натпревар посебен предизвик претставуваше и за групата од Шведска. За нив пред се е најважно дека во овој дел од Европа ќе научат поинакви вештини за овој спорт.
И за младиот Лука од Шведска ова ќе биде ново искуство, но и дружба со неговите другари од Балканот.
И бугарската репрезентација се закити со награди со оглед дека во нивните редови имаше деца кои се државни прваци во Бугарија.
На вториот интернационален натпревар во Џудо кој се одржа во Струга учество зедоа учество повеќе од 200 натпреварувачи од Македонија, Србија, Бугарија, Албанија и Шведска. Џудо кампот и дружењето на џудистите ќе продолжи и во наредниве неколку дена во Струга.
Јованчо Наумоски
