Вучиќ изненаден од најавата дека Унгарија ќе подигне ѕид на границата
Според најновиот извештај на УНХЦР бројот на бегалците и внатрешно раселени лица во 2014 година бил на рекордно ниво од 59,5 милиони луѓе, што е за 8,3 милиони повеќе отколку во 2013 година...

Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави дека е изненаден од најавата дека Унгарија ќе изгради ѕид долж Српско-унгарската граница поради проблемите со мигрантите, нагласувајќи дека тоа нема да биде решение, бидејќи Србија не е виновна за тој проблем. Вучиќ најави и разговори со унгарските власти.
Според најновиот извештај на УНХЦР бројот на бегалците и внатрешно раселени лица во 2014 година бил на рекордно ниво од 59,5 милиони луѓе, што е за 8,3 милиони повеќе отколку во 2013 година.
Минатата година секој ден во просек 42.500 луѓе биле принудени да ги напуштат родните места.
Високиот комесар на ОН за бегалци, Антониу Гутериш истакна дека хуманитарните организации се немоќни да се справат со ситуацијата.
