Европски игри - Баку 2015
Борачот Митров несреќно елиминиран во првото коло
17.06.2015 20:52
Во категоријата до 65 килограми во слободен стил, Митров со одлука на судиите со 3:1 загуби од светскиот првак, Сафарјан...

Во спортот некогаш и поразите не мора да значат разочарување. Таква е елиминацијата на борачот Дејан Митров во првото коло на Европските игри во Баку.
Во категоријата до 65 килограми во слободен стил, Митров со одлука на судиите со 3:1 загуби од светскиот првак, Сафарјан.
Борбата на душекот заврши 2:2, но поради начинот на кој ги освои поените. судиите му ја доделија победата на Ерменецот. Затоа што Сафарјан загуби во осминафиналето, Митров не влезе ниту во репасаж.
