Ракомет

Продолжува врската меѓу Обрван и Македонија

17.06.2015 20:53

Обрван ќе ја предводи нашата репрезентација на Европското првенство во Полска, во баражот за Светскиот шампионат и евентуално во квалификаци за Олимписките игри...

Во тренерската професија успехот е основа за продолжување на соработката, па Ивица Обрван ќе остане на селекторската позиција на ракометната репрезентација на Македонија. Стариот договор меѓу Обрван и Ракометната федерација завршува месецов, а новиот ќе трае до јуни следната година.

Тоа значи дека Обрван ќе ја предводи нашата репрезентација на Европското првенство во Полска, во баражот за Светскиот шампионат и евентуално во квалификаци за Олимписките игри.

Со Обрван на клупата, Македонија беше десета на континенталното првенство во Данска и  деветта на ракометниот мундијал во Катар.