Меркел: Договорот со Грција е можен

18.06.2015 14:04

Изјавата е дадена непосредно пред денешниот состанок на европските министри за финансии со претставници на грчката влада, што се одржува во Луксембург и од кој ќе зависи судбината на земјата...

Каде има волја, има и начин- договорот со Грција се уштe е можен, а наша главната цел е таа држава да ја задржиме во системот на еврото, изјави германската канцеларка Меркел, во Бундестагот.

Изјавата е дадена непосредно пред денешниот состанок на европските министри за финансии со претставници на грчката влада, што се одржува во Луксембург и од кој ќе зависи судбината на земјата.

Синоќа грчкиот преговарачки тим им соопшти на кредиторите дека официјална Атина нема доволно средства да го исплати долгот од 1,6 милијарди евра.

Министерот за финасии Варуфакис не е оптимист дека денеска ќе дојде до договор. Но, додаде дека има морална одговорност да направи договор што ќе биде позитивен и за двете страни.

Ненајавената посета на премиерот Ципрас на Русија ги подгреа надежите дека Атина ќе бара финансиска помош од Москва.

Во меѓувреме неколку илјади Грци мирно протестираа против мерките за штедење.