Генерација Милениум: За една деценија лидери на американската политика

19.06.2015 10:26

Најновата генерација Американци родени по 80-та година, познати како генерација „Милениум“ се една четвртина од населението во Соединетите Американски Држави коишто се попасивни во однос на надворешната политика и не одобруваат воени мисии во странство. За една деценија овие Американци ќе имаат улога во идната надворешна политика на САД...

Меѓународниот тероризам, Иран, непријателска нуклеарна држава и глобалното затоплување се главните теми што ги загрижуваат Американците под 40-та, коишто за десетина година ќе бидат лидерите на американската политика. Генерацијата Американци родена по 80-та која информациите ги добива преку интернет и социјалните мрежи, помалку е загрижена за подемот на Кина, руските територијални претенции, исламскиот фундаментализам, конфликтот во Сирија и поголемиот број на имигранти во Америка, покажала студијата „Генерацијата Милениум и американската надворешна политика„ на Институтот „КАТО„ во Вашингтон.

Не очекувам голема промена во американската надворешна политика и секако, не преку ноќ. Но генерацијата Милениум Американци не е за конзенсус. И меѓу оваа генерација има различни мислења, зависно дали се полиберални или поконзервативни. На пример се разликуваат околу прашањето што е најголемата безбедносна закана за Америка и како да се справиме со неа, повеќе отколку постарите генерации“, изјави Тревор Трелексперт на Институтот „КАТО во Вашингтон

Два проценти од најмладите Американци не смета дека САД е најдобрата држава во светот, дека интервенцијата во Ирак била грешка и дека терористиките напади врз Америка се предизвикани од американската надворешна политика. Ова се прашања што треба да ги земат во предвид претседателските кандидати за изборите во 2016-та година, оценуваат експертите.

„И двете партии нема да згрешат ако го критикуваат Претседателот како се справува со надворешната политика. Во 2008-та имаше историски одѕив од генерацијата Милениум за тогашниот сенатор Обама, а во 2012-та се намали на вообичаена поддршка. Во 2014-та и 2015-та, мнозинството од најмладата генерација Американци не се согласува со надворешната политика на Обама, или нешто помалку од 40 проценти ја одобруваат“, вели Ерик Гепнерексперт на Институтот „КАТО во Вашингтон

Генерацијата Милениум смета дека САД треба да соработуваат со сојузниците во прашања од надворешната политика и да практикуваат воздржување од воени операции. Најмладите Американци единствено подеднакво се поделени на политички план, меѓу републиканската и демократската партија, исто како и нивните родители. 

87 милиони најмлади Амеериканци не поддржуваат нова воена интервенција, туку само хуманитарна операција во странство.

 

Ирина Гелевска, постојан дописник од Вашингтон за МРТ