Фудбал

Заплет во „Ц“ групата

19.06.2015 10:45

Ноќеска, Перу ја совлада Венецуела со 1:0 со голот на ветеранот Клаудио Пизаро. Овој резултат создаде натпреварувачки хаос во „Ц“ групата...

На „Копа Америка“ никогаш не е досадно! Ноќеска, Перу ја совлада Венецуела со 1:0 со голот на ветеранот Клаудио Пизаро. Овој резултат создаде натпреварувачки хаос во „Ц“ групата. По два одиграни меча сите четири екипи од ова друштво:Перу,Бразил,Венецуела и Колумбија имаат ист број на бодови. Завршното коло ќе се претвори во војна за место во нокаут-фазата!По двете натпреварувачки рунди  во најповолна резултатска состојба се непоразените Чиле,Боливија,Аргентина и Парагвај.Без шанси за пробив во следната фаза останаа  Еквадор и Јамајка.

Следното што го нуди фудбалскиот шампионат на Јужна Америка е расплет во „А“ групата. Вечер во Ранкагва Мексико ќе игра против „отпишаниот“ Еквадор. На стадионот во Сантјаго следи трет настап на домаќинот:Чиле ја пречекува Боливија. Тоа ќе е судир на двете непоразени екипи во групата. Потребно им е освојување по еден бод за пласман во ¼ финалето.

Копа Америка-табела:

„А“ група

1.Чиле            4

2.Боливија     4

3.Мексико    3

4.Еквадор     0

3 коло:

Мексико-Еквадор

Чиле-Боливија

„Б“ група

1.Аргентина   4

2.Парагвај      4

3.Уругвај       3

4.Јамајка        0

3 коло:

Уругвај-Парагвај

Аргентина-Јамајка

„Ц“ група

1.Перу            3

2.Бразил         3

3.Венецуела  3

4.Колумбија  3

3 коло:

Колумбија-Перу

Бразил-Венецуела