Вирусот МЕРС се појави и на Тајланд

19.06.2015 11:36

Изолирани се уште 59 лица од аеродромот и хотелот во Бангкок, коишто имале подиректен контакт со заболениот...

Тајландските здравствени власти соопштија дека во Бангкок бил хоспитализиран 75-годишен државјанин на Оман, кој во понеделникот допатувал во земјата, откако било утврдено дека е инфициран од опасниот вирус МЕРС.

Изолирани се уште 59 лица од аеродромот и хотелот во Бангкок, коишто имале подиректен контакт со заболениот. Веста за појавата на првиот случај на заболен со смртоносниот вирус вон Јужна Кореја значително го зголеми стравот на населението во овој дел на светот.

За инфицираните од вирусот МЕРС се уште нема лек, а таа е опасна и за целосно здравите луѓе.