Папата Франциск со порака до светот- да се реагира брзо против климатските промени
19.06.2015 11:41
Богатите земји мораат да понесат одговорност за предизвикување на тој проблем и да го финансираат неговото решение...

Папата Франциск упати порака до светот да реагира брзо за да спречи вонредни климатски промени кои ќе ја уништат планетата, додавајќи дека богатите земји мораат да понесат одговорност за предизвикување на тој проблем и да го финансираат неговото решение.
Американскиот претседател Обама го поздрави повикот на Папата за акција и додаде дека САД би требало да ги предводат глобалните напори за намалување на загаденоста и унапредување на изворите на чиста енергија.
