Кинези купуваат бутици во Франција за над милијарда евра
19.06.2015 12:23
Кинескиот суверен фонд ЦИЦ кој управува со имоти вредни 220 милијарди евра, ќе купи осум трговски центри во Франција...

Кинески инвеститори кои во Франција веќе го купија аеродромот во Тулуз, хотелот Лувр, се подготвуваат да откупат и осум трговски центри во државата. Вредноста на трансакциите е околу 1,3 милијарди евра.
Кинескиот суверен фонд ЦИЦ кој управува со имоти вредни 220 милијарди евра, ќе купи осум трговски центри во Франција.
Со тоа кинезите најавуваат спектакуларен начин за влез на францускиот пазар на недвижности.
