Путин: Русија нема да го ограничи протокот на капитал

19.06.2015 13:30

Путин потсети дека руската влада не прибегнала кон таквите ограничувања и во најтешките моменти за земјата...

Русија нема да го ограничи протокот на капитал бидејќи се држи до принципиелен став по тоа прашање, изјави рускиот претседател Путин на состанок со странски инвеститори.

Тој, меѓудругото нагласил и дека основниот принцип на Русија е да ги отфрли сите бариери и ограничувања за проток на капиталот. Путин потсети дека руската влада не прибегнала кон таквите ограничувања и во најтешките моменти за земјата.

Во Санкт Петерсбург почна годинашниот Меѓународен економски форум кој собира 180 лидери од земјите во светот за да разговараат за најважните економски прашања за Русија и за светот.