Спикерот Вељаноски на погребот на Демирел
19.06.2015 14:23
Меѓу бројните официјални лица на погребот присуствуваше и претседателот на Собранието на Македонија, Трајко Вељаноски...

Во Турција е погребан поранешниот претседател на земјата Сулејман Демирел, една од доминантните фигури во турската политика во изминатиот половина век.
Toj беше шеф на турската држава од 1993 до 2000 година, а неговите влади двапати беа соборени од власт со државен удар.
Меѓу бројните официјални лица на погребот присуствуваше и претседателот на Собранието на Македонија, Трајко Вељаноски.
Пред погребот беше одржана церемонија пред зградата на парламентот на која присуствуваа високи турски функционери, вклучувајќи го и претседателот Ердоган.
