Фудбал - Копа Америка

Перу подобар од Венецуела

19.06.2015 15:38

Во 29-та минута, Фернандо Аморебиета го повлече за дрес, па го згазна Паоло Гереро и беше исклучен. Предноста од играч повеќе, Перу ја искористи во 72-та минута и тоа со значителна доза среќа...

Перу ја совлада Венецуела со 1:0 и ја закомпликува ситуацијата во Групата Ц, па постои варијанта извлекувањето да реши кои репрезентаци ќе се пласираат во четвртфиналето на Копа Америка. Иако Венецуела подобро го почна натпреварот во Валпараис, ја имаше и првата вистинска шанса преку фудбалерот на Зенит, Саломон Рондон, два момента беа клучни за петтиот триумф на Перу во седумте меѓусебни дуели на Јужноамериканските првенства. 

Во 29-та минута, Фернандо Аморебиета го повлече за дрес, па го згазна Паоло Гереро и беше исклучен. Предноста од играч повеќе, Перу ја искористи во 72-та минута и тоа со значителна доза среќа, откако додавањето на Кристијан Куева случајно се одби до капитенот Клаудио Пизаро. 36-годишниот Пизаро, кој играше затоа што Џеферсон Фарфан беше повреден, го постигна 20-от гол во 78-от репрезентативен настап.  

Во пресрет на последното коло во коешто сите репрезентации ќе влезат со по три бода, предноста на Бразил и на Перу е тоа што имаат гол разлика 2:2, Венецуела и Колумбија 1:1, па затоа на кариоките против Венецуела и одговара и нерешено, исто како и на Перу во пресметката со Колумбија.