Популарната американска серија „Игра на престоли“ ќе се снима во Македонија
20.06.2015 12:50
Според најавите на продуцентите, по снимањата во Северна Ирска и во Хрватска, екипата на „Игра на престоли“ ќе снима на локации во Охрид, на Маркови Кули во Прилеп и на Криволак...

Шеттата сезона од популарната американска ТВ серија „Игра на престоли“ ќе се снима во Македонија, јавува дописникот на МРТ од Вашингтон
Според најавите на продуцентите, по снимањата во Северна Ирска и во Хрватска, екипата на „Игра на престоли“ ќе снима на локации во Охрид, на Маркови Кули во Прилеп и на Криволак.
Овие места се избрани бидејќи Охрид има стара архитектура, Марковите Кули се средновековен тврдина, а теренот на Криволак потсетува на пустина.
Снимањето треба да се реализира во март и април идната година.
