Србија: Една жртва, 62 повредени во автобуска несреќа
22.06.2015 10:21
Несреќата се случила кога автобусот ја пробил металната ограда и излетал од патот. Во моментот на несреќата автобусот имало вкупно 86 патници кои се враќале од летување од Грција...

Едно лице загина, а 62 се повредени, од кои дваесетина потешко во тешка сообраќајна несреќа која се случи изутринава во Бубањ Поток, во Белград кога се преврте автобус полн со туристи.
Несреќата се случила кога автобусот ја пробил металната ограда и излетал од патот. Во моментот на несреќата автобусот имало вкупно 86 патници кои се враќале од летување од Грција.
Меѓу повредените има и 13 деца, од кои пет се задржани на лекување.
Во спасувачката акција учествувале 16 екипи на брзата помош, а на местото на несреќата се наоѓаат и седум противпожарни возила.
