Јункер: Предлогот на Ципрас е добра основа за напредок во преговорите

22.06.2015 12:27

Претставници на Унијата до доцна во ноќта работеле за да се „постигне спогодба“ во пресрет на денешниот Самит на лидерите од еврозоната во Брисел...

Претседателот на Европската Комисија, Жан-клод Јункер го оцени најновиот грчки предлог за решавање на должничката криза како „добра основа за напредок“.

Тој додаде дека предлогот е врачен, бидејќи претставници на Унијата до доцна во ноќта работеле за да се „постигне  спогодба“ во пресрет на денешниот Самит на лидерите од еврозоната во Брисел, во надеж дека ќе успеат Грција да ја задржат во монетарната унија.

Грција и меѓународните кредитори четири месеци работат на надминувањето на разликите и „ослободувањето средства за Атина“, стравувајќи дека земјата месецов ќе остане без финансиски средства.