Фудбал

Авторитетно ¼ финале на Копа

22.06.2015 12:32

Бразил беше последната репрезентација, која го обезбеди учеството во ¼ финалето. Под императив и тензија, без казнетиот Неимар, а со повратникот Робињо, „кариоките“ успеаја да извојуваат победа над Венецуела со 2:1...

Се искреше до последен момент во групната фаза од фудбалскиот  шампионатот на Јужна Америка!Под закана од елиминација беа Бразил и Уругвај, за на крај каменчињата да се распоредат според рејтингот,квалитетот и авторитетот. Сите фаворити останаа на број, излегувајќи на стартот од нокаут-фазата.

Бразил беше последната репрезентација, која го обезбеди учеството во ¼ финалето. Под императив и тензија, без казнетиот Неимар, а со повратникот  Робињо, „кариоките“ успеаја да  извојуваат победа над Венецуела со 2:1. Тиаго Силва со погодокот  во 6-та минута  навести, а Фирмино во 51-та  потврди дека елиминација на Бразил не може да се случи!. Голот на Федор во 84-та минута беше сигнал за Венецуела дека не е се загубено.Истиот играч наместо херој стана трагичар кога во судиското надополнување пропушти голема шанса на Венецуела да и обезбеди пат во ¼ финалето.Претходно, од оваа група  Колумбија и Перуодиграа „помирливи“ 0:0, очекувајќи го исходот на дуелот меѓу Бразил и Венецуела. Добра им беше „математиката“, двете остануваат на Копа! Еквадор,Мексико,Јамајка и Венецуела се екипите, кои го завршија настапот. Следат два дена пауза до отворањето на ¼ финалната сеанса во која двојките се: Чиле-Уругвај,Боливија –Перу, Аргентина-Колумбија и Бразил-Парагвај.

Копа Америка- табела:

„А“ група:

1.Чиле        7

2.Боливија  4

3.Еквадор   3

4.Мексико 2

„Б“ група:

1.Аргентина    7

2.Парагвај       5

3.Уругвај        4

4.Јамајка         0

„Ц“ група:

1.Бразил         6

2.Перу            4

3.Колумбија  4

4.Венецуела   3

Копа Америка ¼ финале:

24 јуни: Сантјаго: Чиле-Уругвај

25 јуни: Темуко: Боливија-Перу

26 јуни: Виња дел Мар: Аргентина-Колумбија

27 јуни: Консепсион: Бразил-Парагвај