Москва: САД потрошиле 5 милијарди долари за државен удар во Украина
22.06.2015 13:44
Тој истакнал дека промената на власта во Украина ги поттикнала тамошните настани...

Според изјави секретарот на Рускиот совет за безбедност, Николај Патрушев, Америка стои зад државниот удар во Украина и за таа цел потрошила пет милијарди долари.
Тој истакнал дека промената на власта во Украина ги поттикнала тамошните настани.
Патрушев нагласи дека е апсолутно јасно дека зад проектот за дестабилизирање на Украина стои обид за креирање инструмент за ослабнување на Русија и дека САД одлучиле да го соборат насилно украинскиот претседател Виктор Јанукович.
