Чарлстон: Почесен марш како симбол на единството
22.06.2015 14:02
Голем број луѓе се собраа на двете страни на мостот којшто беше делумно затворен за сообраќај додека учесниците минуваа по него...

Илјадници луѓе учествуваа на почесен марш по главниот мост во Чарлстон како симбол на единство по убиството на девет афроамериканци од страна на белец за време на миса во црква.
Голем број луѓе се собраа на двете страни на мостот којшто беше делумно затворен за сообраќај додека учесниците минуваа по него.
Верници се собраа и на првата миса по масакрот под засилени мерки за безбедност.
21-годишниот Дилан Руф уби девет лица, шест жени и тројца мажи на возраст меѓу 26 и 87 години.
