Саботно кафе и чај за Св.Петка
Во сабота на 18 јануари сите граѓани и добронамерници, ќе имаат можност да помогнат во доизградба на црквата „Св.Петка“ со нарачување на саботно кафе или чај во прилепските кафичи, кафетерии, ресторани и други угостителски објекти. Саботата ќе биде ден посветен на храмот „Св.Петка“. На плоштадот „Методија Андонов – Ченто“ блиску до јарболот ќе има организирано и бесплатен штанд на пијалоци како и кутии за донација.

МПЦ-ОА со поддршка на локалната самоуправа в недела на 19 јануари на големиот празник „Богојавление“, во ресторанот "Сонце" ќе ја организира седмата донаторска конференција.
Оваа црква е од посебно значење за нашите верници, за Прилеп и прилепчани. Црквата се гради според проект од нашите познати средновековни цркви, трокорабна е и има две прекрасни куполи.
Бидете дел од ова граѓанска иницијатива. Помогнете сите заедно да го изградеме овој свет храм.
Саботното кафе или чај нека биде за храмот Св.„Петка“ во Точила.