Образование

Почнаа уписите во средните училишта

22.06.2015 14:23

Повеќе од 100 средни училишта се подготвени за прием на нови ученици. Има 35.445 слободни места...

Почнаа уписите во средните училишта. Полуматурантите од рано изутрината брзаат кон училишните дворови за да ги предадат документите и да си обезбедат сигурно место во претстојната школска година.

Повеќе од 100 средни училишта се подготвени за прием на нови ученици. Има 35.445 слободни места. Нешто повеќе од 11 илјади празни столчиња во гимназиите чекаат на идните средношколци.

Голем е интересот и за стручните училишта. Овде има повеќе од двојно или 23.778 слободни места.

Првиот уписен рок се сроведува денеска и утре, а резултатите ќе се објават на 24 овој месец. Вториот уписен рок е на 29 и 30 јуни.

Полуматурантите кои нема да се запишат во првите два уписни рока, ќе имаат нова шанса на 24 август, а резултатите ќе ги добијат наредниот ден. Годинава во задолжителното средно образование треба да се запишат над 22 илјади ученици.

 

Анита Димитријевска