Пакистан: Топлотниот бран однесе 122 животи
22.06.2015 14:46
Локалните власти соопштија вонредна состојба во сите болници и на сите лекари и целиот медицински персонал им е забрането отсуство од работа...

Најмалку 122 лица починаа поради високите температури што го погодија Карачи, најголемиот град во Пакистан. Локалните власти соопштија вонредна состојба во сите болници и на сите лекари и целиот медицински персонал им е забрането отсуство од работа.
Во Карачи во саботата темепратурата се искачи на 45 целзиусови степени, што е само за 2 степена помалку од највисоката измерена темепратура во Карачи во 1979 година.
