Мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“
Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Борјан Цанев, а солист на концертот е популарната вокалистка Сара Костадиновска, која музичката публика ја познава како Сара Мејс...

Вечер во Градскиот парк во Скопје- осмо издание на традиционалниот мултимедијален спектакл „Види музика, слушни слика, добиј книга“. Организаторите на настанот, Македонската филхармонија и Младинскиот културен центар, ќе го претстават фасцинантниот проект „Бродвеј под ѕвездите“ во кој пред присутните ќе исполнат хитови, дел од најпознатите Филмувани мјузикли.
Македонската филхармонија ќе настапи под диригентство на маестро Борјан Цанев, а солист на концертот е популарната вокалистка Сара Костадиновска, која музичката публика ја познава како Сара Мејс.
Следејќи ја традицијата, и овој пат на огромни платна покрај сцената инспирацијата од музиката ќе ја пренесат ликовни уметници Милан Андов и Стојан Ѓуриќ.
Ќе бидат поделени и 20 илјади примероци од книгата „Фигури“ од новелистот и поет, Јан Неруда, еден од најистакнатите ликови во литературните кругови во Чешка во втората половина на 19 век.
