Ципрас: Топката е кај европските власти

23.06.2015 11:44

Според Ципрас главниот критериум на новите реформи, што Атина им го предложи на нејзините кредитори, е „социјалната праведност“...

Грчкиот премиер Алексис Ципрас по средбата на високо ниво на Еврозоната, изјави дека топката сега е „во полето на европските власти“, за да се постигне спогодбата и Грција да не дојде до банкрот. 

Според Ципрас главниот критериум на новите реформи, што Атина им го предложи на нејзините кредитори, е „социјалната праведност“. Тој истакна дека тежината нема да падне врз платите и пензиите и дека за првпат тежината ќе падне врз оние кои можат да ја носат.

Грчкиот премиер кажа дека новите предлози на Атина биле прифатени од кредиторите „како основа за преговори“ и ја подвлече неопходноста од сеопфатно и животно важно решение.

Во среда ќе се одржи нова средба на министрите за финансии од  Еврозоната со надеж дека до четврток, кога е планирана средбата на врвот на ЕУ, ќе има спогодба.