Нови жртви од вирусот МЕРС во Јужна Кореја

23.06.2015 12:25

Во болниците има 95 инфицирани пациенти, а во карантин се наоѓаат 3.833 лица кои имале директен контакт со веќе заразените...

Здравствените власти на Јужна Кореја соопштија дека се дијагностицирани три нови случаи заразени со смртоносниот вирус МЕРС.

Со тоа бројот на жртвите се искачи на 29 луѓе. Во болниците има 95 инфицирани пациенти, а во карантин се наоѓаат 3.833 лица кои имале директен контакт со веќе заразените.

Најмногу сомнителни случаи, 5.930, што биле држени во карантин се регистрирани минатиот четврток.

Со вирусот биле инфицирани и 33 медицински работници, лекари и медицински сестри коишто имале контакт со заболените, без соодветна заштита.