Епидемија од колера во Јужен Судан

23.06.2015 13:28

Колерата избила во пренаселените бази на Обединетите Нации во престолнината Џуби каде што десетици илјади луѓе побарале засолниште...

Минисерството за здравство на Јужен Судан соопшти дека најмалку 18 луѓе починале од колера и прогласија епидемија на оваа високозаразна болест.

Колерата избила во пренаселените бази на Обединетите Нации во престолнината Џуби каде што десетици илјади луѓе побарале засолниште во текот на 18 месечната грѓанска војна.

Заболувањето е предизвикано од бактерија, а се појавува во средини со нехигиенски услови за живот и употреба на загадена вода.