Украина: Убиени три цивили во последните 24 часа

23.06.2015 13:32

И покрај примирјето воведено на 15 февруари, насилството во Украина се засили во почетокот од месецов...

Во последните 24 часа се убиени три цивили на територијата на проруските бунтовници на истокот од Украина. Веста е соопштена во пресрет на состанокот на шефовите на дипломатиите на Русија, Украина, Франција и Германија што ќе се одржи вечерва во Париз и на кој ќе се зборува за украинското прашање.

И покрај примирјето воведено на 15 февруари, насилството во Украина се засили во почетокот од месецов кога сепаратистите тргнаа во офанзива во село под контрола на прозападните владини сили на 20 киломтери од Доњецк.