Млада девојка се самозапали во Градскиот парк во Скопје
23.06.2015 16:07
Две жени биле сведоци на страшниот настан, но не можеле да помогнат. Веднаш на местото пристигнала брза помош...

Девојка на возраст меѓу 25 и 30 години се самозапали во Градскиот парк во Скопје. Се уште е непознат нејзиниот идентитет и мотивите зошто се решила на таков чекор да си го одземе животот.
Две жени биле сведоци на страшниот настан, но не можеле да помогнат. Веднаш на местото пристигнала брза помош, но лекарите само констатирале смрт.
Камерата на МТВ забележа екипи на МВР и јавен обвинител кои вршеа увид на местото на трагедијата.
