Ракомет

Ништо не е изгубено

15.01.2014 16:07

Со победа над Чешка ке бевме сигурни, но и бодот по ремито 24-24 најверојатно ке биде доволен за пласман на македонската ракометна репрезентација меѓу најдобрите 12-ет на европскиот шампионат. Победа утре над Австрија максимално ни оди во прилог, но и со пораз шансите и натаму ќе опстојуваат во очекување на дуелот меѓу Данска и Чешка во кој Данска влегува како огромен фаворит.

Но, ако патот низ европскиот шампионат и покрај се засега оди во посакуваниот правец, тогаш загрижува променливата игра на нашате селекција, проблемите со реализацијата, честите падови по кои дозволуваме противникот резултатски да се врати и како што вели Кире Лазаров ,ремито со Чешка е дури и одличен резултат, ако се има пред вид дека имавме само 6 гилмански интервенции, а Штохл за Чешка нанижа 21 одбрана.

Но Чешка е веќе зад нашата селекција, сега сите погледи се свртени кон утрешниот натпревар со Австрија. Свесни за предизвикот нашите ракометари најавуваат дека ќе одат на победа со што не само   што ќе го обезбедат настапот во втората фаза туку и ќе пренесат два бода во новата група.

Расплетот во А и Б групите ќе биде утре, додека вечерва се играат натпреварите од Ц и Д групите. Во Архус ќе играат Русија-Србија и Полска-Франција, а во Копенхаген : Црна Гора-Хрватска и  Белорусија-Шведска.