Викиликс: САД ги прислушнувале последните тројца француски претседатели

24.06.2015 10:52

Вашингтон реагира дека Оланд не бил и нема да биде цел на прислушнување и тврди дека соработува со Франција на сите теми од меѓународен интерес...

САД ги прислушнувале последните тројца француски претседатели – Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд, пренесоа француските медиуми. Повикувајќи се на податоци од Викиликс, тврдат дека тоа се случувало во периодот од 2006 до 2012 година.

Вашингтон реагира дека Оланд не бил и нема да биде цел на прислушнување и тврди дека соработува со Франција на сите теми од меѓународен интерес.

Оланд ќе одржи итен состанок на шефовите на одбраната и разузнавачките служби.