Фудбал

Данска и Германија први полуфиналисти

24.06.2015 10:56

Денеска на програмата е завршното трето коло во „Б“ групата...

Данска и Германија успешно ја пребродија првата фаза од Европското фудбалско првенство за селекции до 21 година, домаќинот Чешка не успеа да влезе во битка за  медалите.Селекцијата на Данска во Прага со 2:0 ја совлада Србија и како лидер на „А“ групата го заврши првиот круг од шампионатот.Дуелот меѓу Чешка и Германија полн со неизвесност заврши нерешено 1:1, резултат кој ги одведе Германците во полуфиналето.

Денеска на програмата е завршното трето коло во „Б“ групата. Во Оломуц, ќе ги одмерат силите Англија и Италија.Мечот меѓу Португалија и Шведска  ќе се одигра во Ухерске Храдиште. Состојбата на табелата носи голем резултатски заплет и веројатност секоја од четирите селекции да се избори за едно од двете места што водат во завршницата.

„А“ група-3 коло:

Данска-Србија 2:0

Чешка-Германија 1:1

Табела:

1.Данска       6

2.Германија 5

3.Чешка       4

4.Србија       1

„Б“ група-3 коло

20.45  Англија-Италија

20.45  Португалија-Шведска

Табела:

1.Португалија   4

2.Англија           3

3.Шведска         3

4.Италија          1