Нови случаи на Ебола во Сиера Леоне

24.06.2015 12:11

Здравствените власти стравуваат од нова епидемија бидејќи заразените се забележани во густо населени предградија...

Два нови случаи на Ебола се регистрирани во Фритаун, главниот град на Сиера Леоне, само неколку недели откако беше објавено дека е искоренет вирусот.

Здравствените власти стравуваат од нова епидемија бидејќи заразените се забележани во густо населени предградија.

Еболата се уште коси во северниот дел од земјата и во соседна Гвинеја. Либерија прогласи победа над заразата во мај, по 42 дена поминати без нови случаи.

Од епидемијата на Ебола за година и половина починаа над 11 илјади луѓе.