ИДИЛ создаде сопствена валута

24.06.2015 12:13

Се смета дека целта на џихадистите е да покажат дека се грижат за иднината народот што живее на нивна територија...

Џихадистите од Исламска држава наводно почнале да коваат сопствена валута. „Исламскиот динар“, го добил името по традиционалната валута на повеќе арапски земји. Златната монета е во противвредност на 139 американски долари, а сребрената еден.

Се смета дека целта на џихадистите е да покажат дека се грижат за иднината народот што живее на нивна територија.

Исламска држава преку трговија со нафта на црно само за еден ден заработува по еден милион долари.