Јакнење на правото за справување со тероризмот
Судиите и јавните обвинители имаат клучна улога во борбата против тероризмот и во создавање силен кривично-правен систем заснован на почитувањето на човековите права и слободи...

За борбата против тероризмот е неопходна соодветна регулатива. Тоа е тема на дводневната конференција организирана од Академијата за судии и обвинители и ОБСЕ што се одржува во Скопје. Нагласок е ставен врз обликување на кривично- правниот механизам.
Судиите и јавните обвинители имаат клучна улога во борбата против тероризмот и во создавање силен кривично-правен систем заснован на почитувањето на човековите права и слободи, изјави директорката на Академијата за судии и јавни обвинители „Павел Шатев“, Анета Арнаудовска.
Овие кривични постапки, како што посочи таа, треба да бидат водени од високо обучени судии и јавни обвинители кои преку обуките ќе добијат информации за историскиот, социјалниот и политичкиот контекст на тероризмот.
