Оланд: Шпионирањето е неприфатливо

24.06.2015 13:36

Французите свртеа на шега – „барем сме исто толку битни како Германците“...

„Шпионирањето на тројца француски претседатели е неприфатливо“ – реагираше шефот на државата Фрабсоа Оланд по наводите на Викиликс дека САД ги следеле неговите и комуникациите на Ширак и на Саркози.

По итниот состанок на шефовите на одбраната и разузнавачките агенции, официјален Париз го повика на разговори американскиот амбасадор во земјата и испрати свој дипломатски тим во Вашингтон на разговори во врска со аферата која траела од 2006 до 2012 година.

САД излегоа со соопштение – Оланд не бил и нема да биде цел на прислушнување, соработуваме со Франција на сите теми од меѓународен интерес.

Французите свртеа на шега – „барем сме исто толку битни како Германците“. Во прислушнуваните разговори имало бисери: Саркози сметал дека е единствениот способен да ја реши светската економска криза.