Пакистан: 800 жртви од топлотниот бран

24.06.2015 14:29

По наредба на премиерот, во справувањето со непогодата се вклучија националната служба за вонредни состојби и војската...

Бројот на починати од топлотниот бран што го зафати Пакистан се приближува до 800. По наредба на премиерот, во справувањето со непогодата се вклучија националната служба за вонредни состојби и војската.

Поради жештините, илјадници жители останаа без струја, а со тоа и без вода, на температура над 45 степени во екот на рамазанскиот пост.