Ваучерите за таблет компјутери и штетите од поплавите во фокус на пратеничките прашања

24.06.2015 16:30

Народните избраници до министрите со прашања и за изградбата и реконструкцијата на патната инфраструктура, за проектот 145 спортски сали...

Каков е интересот на студентите за искористување на ваучерите за таблет - компјутери, праша Александар Стојкоски од ВМРО-ДПМНЕ. Вредноста е 8 илјади денари, а може да го искористат студентите од 3 и 4 година, чиишто семејства имаат бруто приход од 32 илјади и 700-ни денари и студенти со посебни потреби од сите студиски години, објасни министерот за информатичко општество Ивановски.Од 7290 студенти кои се пријавиле на конкурсот, 5273 ги исполнувале условите.До вчера 5161 студент ги зеле ваучерите од факултетите.Крајниот рок за нивното подигнување е утре.

„5.000 од овие ваучери веќе беа искористени и тоа е директна инјекција во приватниот сектор за информатички технологии кој во изминатиот период се соочуваше со потешкотии во продажбата на таблетите“, изјави Иво Ивановски-министер за информатичко општество и администрација.

Продолжува исплатата за штетите од поплавите. Владата ги обезбедува 100-процентно семејствата кои имаа оштетени домови и земјоделски површини. Пелагонија беше најзагрозена. Најголем дел од средствата се обезбедени од државната каса, а за штетите во системите за наводнување и инфраструктурата парите се од ИПА програмата. Изобилните врнежи и топењето на снегот предизвикаа поплави во 43 општини. Штети имаше во повеќе сектори, а најпогодени беа транспортот, земјоделството и иригациските системи.Според податоците од општинските комисии во 18 општини беа пријавени штети во секторот земјоделство.

„Севкупно штетите од овие поплави беа проценети на 25 милиони евра, од кои штетите на земјоделските површини изнесуваат околу 14 милиони евра, 5 милиони евра изнесуваат штетите на инфраструктураните објекти и патишта и исто толку на системите за наводнување“, изјави министерот за земјоделство Михаил Цветков.

Народните избраници до министрите со прашања и за изградбата и реконструкцијата на патната инфраструктура, за проектот 145 спортски сали, но и од областа на културното наследство и реставрацијата на објектите.

 

Милчо Велески