Жестоки реакции во Франција по објавата за прислушување на државниот врв

24.06.2015 17:01

„Викиликс“ откри дека американските безбедносни служби ги шпионирале француските претседатели Жак Ширак, Никола Саркози и сегашниот, Франсоа Оланд. Биле прислушувани нивните телефонски разговори и тајно пресретнати електронските пораки. Операцијата се одвивала од 2006 до 2012 година. Во Париз, вонредна седница на Националниот совет за одбрана...

Франсоа Оланд попладнево ќе има телефонски разговор со амерканскиот претедател Барак Обама, при што тој ќе побара од неговиот колега да ги повтори обврските преземени од Вашингтон во 2013 година, повеќе да не ги следи француските власти.

Ова го изјавија пратениците по нивната средба со францускиот претседател, веднаш по кризниот Совет за одбрана, свикан во Елисејската палата по откривањето на фактот дека тројцата француски претседатели Жак Ширак, Никола Саркози и Франсоа Оланд биле следени од 2006 до 2012 година.

Откритијата на „Викиликс“ презмени од весникот „Либерасион“ и „Медијапар“ се однесуваат на минатото, но Париз сака да биде сигурен дека овие техники не се користат и денес.

Рекациите во Франција се жестоки по објавувањето дека нивните претседатели, како и членови на владата, како министерството за финансии чија телефонска централа биле прислушувани од американската агнеција НСА. Посебно што ова не се прави меѓу сојузниците.

Американската амбасадорка во Париз беше повикана да се објасни од страна на шефот на дипломатијата на Франција, Лоран Фабиус.

„Координароторот на военото разузнување ќе се врати во САД за неколку дена, за да нештата кои беа ставени на хартија со обврски да бидат проверени, почутувани и спроведнеи“, изјави Стефан Ле Фол, портпарол на француската влада, потстеувајќи дека меѓу сојузнички земји ова е неприфатливо и нерзрабирливо.

Елисејската палата, во својата официјална реакција по Советот за одбрана ја осуди нагласувајќи дека „Се работи за неприфатливи факти, за кои веќе имаше објаснување меѓу САД и Франција, кон крајот на 2013 година, во моментот кога беа направени првите откритија и за време на државничката посета на претседателот на републиката на САД во февруари 2014 година“ – се вели во соопштението.

„Од страна на американските власти  беа преземени обврски. Тие треба да бидат потсетени и стриктно почитувани. Франција, која ги зајакна своите мерки за контрола и заштита, нема да толерира никакво однесување кое ќе ја стави во прашање безбедност и заштитата на своите интереси“ – се вели во официјалната реакција на Елисејската палата.

Оваа афера доаѓа баш во моментот кога во францускиот парламент започнува расправата за новиот закон за разузнувачките служби, со кој им се даваат скоро исти овластувања со тие на американската НСА. Законот е силно критикуван во Франција, затоа прашањето дали објавувањето на оваа стара афера е намерно или не за да се одвлечи вниманието кон друг настан.

Во Стразбур, ПССЕ токму вчера расправаше за заштитата на давачите на тревоги, како што тоа го направија денес „Либерасион“ и „Медипар“, а пред неколку месеци и за масовното прислушување на кое се изложени многу земји во Европа.

Тони Гламчевски