ЕП во фудбал 2016 ексклузивно на МТВ
Вкупно 51 пренос наместо досегашните 31, ќе видат фудбалските фанови на нашата програма од 10 јуни до 10 јули 2016-та...

МТВ ги откупи ексклузивните права за директни преноси од идното ЕП во фудбал во Франција.
Вкупно 51 пренос наместо досегашните 31, ќе видат фудбалските фанови на нашата програма од 10 јуни до 10 јули 2016-та.
Петнаесетиот Европски шампионат ќе биде раритетен според бројот на репрезентациите кои се негов составен дел. За прв пат на фудбалскиот самит на Стариот континент ќе учествуваат 24 селекции, наместо досегашниот формат со 16, кој егзистираше од 1996-та година.
Репрезентациите ќе бидат поделени во шест групи од по 4 тима по што следуваат три нокаут рунди и финалето на Сент Дени на 10 јули.
Франција која трет пат организира Евро-шампионат во фудбал, ја доби тркаа за домаќин против Турција и Италија а по инаугуралното првенство во 1960-та, на француско тло се одвиваше и турнирот во 1984-та.
Натпреварите на ЕП ќе се играат на десет стадиони во десет француски града: Бордо, Ленс, Лил, Лион, Марсеј, Ница, Сент Дени, Сент Етјен, Тулуз и Париз.
