Фудбал

Домаќинот Чиле, го елиминира првакот Уругвај

25.06.2015 11:29

Фудбалска војна со шанси на двете страни, со малку голови, а со многу провокации на тревникот. Единствениот гол го постигна Исла во 82-та минута.Уругвај натпреварот го заврши со двајца исклучени играчи...

Копа Америка ќе добие нов шампион! Во првиот ¼ финален натпревар Чиле со 1:0 го совлада Уругвај. Домаќинот на Копа после 16 години избори пласман во полуфиналето. Уругвај се збогува со титулата освоена пред 4 години во Аргентина.

Дуелот во Сантјаго меѓу старите ривале беше типичен за јужноамериканското поднебје. Фудбалска војна со шанси на двете страни, со малку голови, а со многу провокации на тревникот. Единствениот гол го постигна Исла во 82-та минута.Уругвај натпреварот го заврши со двајца исклучени играчи.

Клучен момент, веројатно беше отстранувањето од игра на лидерот во уругвајскиот состав Единсон Кавани после вториот жолт картон. Пред крајот во соблекувалната беше испратен и Хорхе Фусиле.

Во Чиле расте фудбалската тензија и апетитите за највисок можен дострел! Земјата-домаќин на Копа  е во очекување на противникот во полуфиналето, на кое чека од далечната 1999-та година! Тоа ќе е победникот од мечот меѓу Боливија и Перу, кој ќе се одигра ноќеска на стадионот во Темуко. Другите ¼ финални двојки се Аргентина-Колумбија и Бразил-Парагвај, на 26-ти и 27-ми јуни.