Расплет во Б групата
„Аѕурите“ во Оломуц одиграа одличен меч против Англија, победија со 3:1, го исполнија првичниот услов кој на крај се покажа како недоволен за радост...

Англија нокаутирана, пирова победа на Италија, Португалија и Шведска се пробија во полуфиналето! Драматична и неизвесена беше завршницата од „Б“ групата на Европското првенство за селекции до 21 година што се игра во Чешка. Сите четири селекции влегоа во третото коло со шанса да истрчаат и во полуфиналето.
„Аѕурите“ во Оломуц одиграа одличен меч против Англија, победија со 3:1, го исполнија првичниот услов кој на крај се покажа како недоволен за радост.
Губитници се и Англичаните, кои ако останеа непоразени ќе станеа дел од завршната четворка. Мечот меѓу Португалија и Шведска, кој се играше истовремено во Ухерске Храдиште заврши нерешено 1:1. Резултат кој им конвенираше на двете селекции.
Португалските надежи имаа добра контрола врз резултатот, поведоа со 1:0, а Шведска успеа да постигне израмнувачки гол, вреден пласман во полуфиналето.Со ист број на бодови решавачка беше победата на „викинзите“ во меѓусебниот натпревар со Италија.
Првенството ќе продолжи на 27-ми јуни со двата полуфинални меча. Во Оломуц ќе играат Португалија и Германија, а во Прага е скандинавската битка меѓу Данска и Шведска.
„Б“ група -3 коло:
Италија-Англија 3:1
Португалија-Шведска 1:1
Табела:
1.Португалија 5
2.Шведска 4
3.Италија 4
4.Англија 3
