Членките на ЕУ ќе го отфрлат планот за воведување квоти за мигранти
Бегалскиот бран од Блискиот Исток и Африка ќе биде прва и најважна точка на дневниот ред на средбата, а со тоа и планот на Европската комисија да се воведат квоти за прифаќање азиланти за секоја земја-членка одделно...

Земјите-членки на Европската Унија ќе го отфрлат планот кој ќе ги обврзе да прифатат илјадници бегалци кои пристигнуваат во Грција и во Италија, соопштија дипломати пред денешниот дводневен самит во Брисел на шефовите на држави и влади на Унијата, на кој главна тема ќе биде миграцијата, борбата против тероризмот и ситуацијата во Украина.
Во предлог завршното соопштение од самитот се наведува дека „до крајот на следниот месец сите членки ќе се согласат за прифаќање бегалци“. Бегалскиот бран од Блискиот Исток и Африка ќе биде прва и најважна точка на дневниот ред на средбата, а со тоа и планот на Европската комисија да се воведат квоти за прифаќање азиланти за секоја земја-членка одделно.
Ваквиот предлог на претходниот самит предизвика жестоки реакции кај некои од европските држави.
